Боди билдерот Васко Мамучевски единствен македонски претставник на Светското првенство во Дубаи

Од:

Беровскиот шампион во Боди билдинг, Васко Мамучевски ги прави последните подготовки пред настапот на Светското првенство во боди-билдинг кое на 9 ноември ќе се одржи во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Мамучевски на ова светско првенство ќе биде единствениот македонски претставник, а неговиот настап како што самиот вели се должи на последните освоени трофеи на домашна и меѓународна сцена.

-На Светското првевство во Дубаи патувам како апсолутен шампион во Боди билдинг на Македонија. Титулата ја освоив на натпреварот кој изминатиот месец се одржа во салата „Расадник” во Скопје. Исто така во месец октомври, се здобив и титула и златен медал во категорија за боди-билдери до 90 килограми, на меѓународниот Дајмон куп, кој се одржа во Арена ,,Борис Трајковски” во Скопје, истакна Мамучевски.

Додава дека на натпреварот во Дубаи ќе има силна конкуренција, бидејки ќе се натпреварува со најдобрите боди-билдери од повеќе земји во светот.

-Токму поради силната конкуренција имам напорни тренинзи, составени претежно од кардио вежби. Моментално тежината ми е 90 килограми, формата ја темпирам точно за натпреварот во Дубаи, така што доколку се биде според планираното, може да се очекува добар резултат и од ова Светско првенство, додава Мамучевски.

Мамучевски веќе 20 години активно се занимава со Боди билдинг, при што најголемите успеси ги доживува во последните две години, кога во неколку наврати се најде на подиумот на домашните и меѓународни натпревари во овој спорт.

Би можело да ве интересира

Една година подготовки за балкански првак во бодибилдинг и фитнес на 41 години

Ана Ололовска

Прием за медалистите од Балканското бодибилдинг првенство

Ана Ололовска

ФОТО: Александра Мирчевска во најатрактивната катергорија-бикини фитнес

Ана Ололовска