„Ние не треба да сме подобри од нив, ние не треба да сме просечни, ние мора да сме најдобри и историски најдобри од осамостојувањето од таа 91 година до денеска, затоа што се плашам дека повеќе ќе немаме можности за грешките да ги корегираме во иднина.
Затоа драги кумановчани, драги пријатели идната влада која што ја предводи ВМРО-ДМНЕ мора да биде историски најдобра, мора да биде историски најдобра и ние мораме да се обврземе пред нашите сограѓани дека целата оваа емпатија, разочараност, демотивираност ќе исчезне. Ќе понудиме решенија кои што не ветувам дека ќе ги решат сите проблеми, тоа е невозможно бидејќи никој не може да ги реши сите проблеми, но можам да ветам многу работа, работа и само работа и онаа Черчиловата максима дека потребни ни се крв, пот и солзи за да успееме. А јас ви ветувам дека заедно ние ќе успееме“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Па колку и да имаме такви кои што ќе го негираат колку и да имаме такви кои што ќе снимаат, преснимуваат, ќе гледаат и ќе прегледуваат, колку и да имаме такви кои ќе му слугуваат на Зоран Заев, ќе му слугуваат овде во Куманово на Максо, ќе му слугуваат на Оливер Спасовски, јас ви ветуваме дека завршуваат тие денови, бидејќи доаѓа Обновата за Македонија, а со тоа обновата доаѓаат подобри времиња и подобро утро и подобро и подостоинствено време за сите нас.
Потребана ни е оваа навигација, потребно ни е да учиме од нашите сограѓани, потребно ни е да слушнеме и тоа што можеби сме го правеле и ние во минатото, а што било погрешно да го исправиме, тоа е вистински предизвик кога самокритиката вас ќе ве наведе на вистинскиот пат, да учиме од нашите грешки, но истовремено да се обидеме да дадеме се од себе. Мораме да дадеме се од себе грешките на СДСМ, грешките на Зоран Заев да ги корегираме, затоа што има грешки кои лесно се корегираат, но има грешки кои што многу потешко ќе ги корегираме од тоа што и тие самите мислат.
Лесно е Зоран Заев да излезе на прес конференција и да каже таканаречените реформите даночниот систем кои што беа поврзани со новите даноци не го дадоа посакуваниот ефект и затоа ние ќе го одложиме решението. Ова не е политика купи ден продај. Ова не е политика која што се води пред избори за да се обидат да ги изманипулираат гласачите, да се обидат да ја изманипулираат волјата на граѓаните, нас ни се потребни луѓе кои што цврсто газат на нозе, нас ни се потребни луѓе кои што знаат како да подготват стратегија. Нас ни се потребни луѓе кои што имаат принципи кои што имаат факти, кои што имаат аргументи. Ние не можеме да си играме со грешките, а потоа да излеземе на прес конференција и да кажеме се извинуваме погрешивме. Ова не е детска игра.
Ова се сериозни времиња каде што се потребни сериозни луѓе. Нас ни се потребни луѓе кои што знаат кава стратегија да направат“, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.