(ВИДЕО) Јанушев: Во Градско се уште не се исплатени штетите од измрзнувањето од 2016 година за 130 семејства

Од:

„Разговорите за обнова на Македонија продолжуваат и овој викенд. Денеска сме во општина Градско каде што со жителите на оваа општина ќе поразговараме во однос на проблемите кои што ги мачат секако во секојдневното живеење.

Она што досега го имав како прилика да го слушнам од жителите на општината можам да кажам слободно дека буквално ниту едно од предизборните ветувања, впрочем како и секаде низ Република Македонија од страна на локалната власт не е воопшто испочитувано“, рече Игор Јанушев – Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што дополнително можам да го кажам а што е како огромен проблем за жителите на Градско дека и покрај огромните ветувања за исплата на штетите од измрзнувањето од 2016 година, се уште не се исплатени на 130 семејства и не можат да си го остварат своето право и да го земат овој надомест.

Предизборното ветување за откупниот центар за земјоделски производи исто така е еден од ветувањата кои што успеаа на еден манипулативен начин да добијат поддршка од жителите на оваа општина, но сепак воопшто и не е започнато со изградба на овој откупен центар. Тука е и проблемот со средувањето на речното корито на мостот во село Ногаевци за кое што има огромен сомнеж дека станува збор и за криминални активности, но и сериозно ја загрозува безбедноста на самиот мост.

Но, ова е нешто што е типично за работењето на криминално рекетарската банда на Заев бидејќи во еден очај, во немоќ ги гледаме како полека отстапуваат од оние мерки за кои што се бореа а кои што се на штета на граѓаните, па така во последните неколку дена видовме како пробуват на некој начин да ретерираат и од прогресивниот данок кој што го воведоа пред извесно време.

Факт е дека Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата. Можеме само да им порачаме ма граѓаните да се охрабрат и да ни се придружат, да бидат со нас на овие настани каде што ќе ни ги кажат своите проблеми а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе земеме обврска за истите да понудиме решенија во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Игор Јанушев – Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски