Вакцината против свински грип има и мал ризик за нервно пореметување

Од:

Вакцината против свинскиот грип, поточно вирусот H1N1, има ризик „кој може да се толерира“ од нервно пореметување, познато како Гијен-Бареов синдром, утврдија американски експерти.
Се работи за автоимуно пореметување кое може да предизвика слабост на мускулите или привремена парализа.

Помеѓу 23 милиони американци кои се вакцинирани за време на епидемијата свински грип во 2009-та и 2010-та година, кај 77 луѓе во рок од три месеци по имунизацијата се појавил тој синдром, соопштила американската Национална канцеларија за вакцинација.

Експертите сметаат дека користа од вакцината е далеку поголема од ризикот, и додаваат дека и кај вакцини против обичен, сезонски грип веројатно се јавува истиот процент случаи на Гијен-Бареов синдром.

Во истражувањето објавено минатиот месец е утврдено дека вакцината против свинскиот грип за време на епидемијата спречила помеѓу 700 илјади и 1,5 милиони случаи на оваа болест и до 500 смртни случаи во САД.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска