ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се синоним за лага

Од:

„Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на македонската политика. Последна во низата измами е воведување на прогресивен данок и наводните големи придобивки од тоа. Вчера Заев призна дека и тоа лажел. После само неколкумесечна неуспешна примена го укинаа.

Заев и СДСМ тонат. Тие се синоним за лага.

Пред 4 години Заев ветуваше попис, попис нема. Пред година ветуваа датум, датум нема. Со години ветуваа чист воздух, чист воздух нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред избори ветуваа враќање на иселените од државата. Не само што не сторија ништо за да ги вратат, туку многу повеќе млади се иселуваат.

Кога создаваа влада ветуваа чесна работа, а гледаме криминал, корупција, рекет и Луј Витон чанти полни со милиони.

Ветуваа бројчаник за вратени пари, бројчаник нема.

Секоја политика на измамникот Заев доживува неуспех. Конечно од низата неуспеси на Заев последен и најважен за граѓаните ќе биде неговиот изборен пораз. Измамникот Заев заминува во историјата и тоа на нејзината срамна страна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО