Во Битола отворена изложба „Книги: историја, иднина“

Од:

Со отворање на изложбата „Книги: историја, иднина“ чиј организатор е Македонско научно друштво, синоќа во Битола почнаа манифестациите посветени на празникот на градот, Денот на ослободувањето 4-ти Ноември.

На изложбата во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ изложени се над 400 книги чиј издавач е МНД-Битола.

-Нема ништо помоќно од пишуваниот збор, збор кој остава голем траг на тоа што се случувало во минатото и е за идните генерации. Годинава одлучивме 75-то одбележување на Денот на ослободувањето на Битола да го почнеме со изложбата на МНД-Битола каде се чуваат големи дела, истакна градоначалничката на Наташа Петровска.

На синоќешниот промотивен настан од МНД-Битола информираа дека на изложбата се поместени над 400 книги чиј издавач е Друштвото, ретки изданија како што се првиот број на списанието „Прилози“ од 1960 година и првата книга „Педагогика“ кои датираат од почетоците со работа на Друштвото, а пригодно за празникот, на јавноста е понудено посебното издание „Прилози“ од 1980 година, посветено на командантот на Главниот Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, академик Михаило Апостолски, во тоа време избран почесен член на МНД-Битола.

Пред присутните гости на МНД-Битола, професорката Весна Мундишевска Велјановска го ромовира најновиот број на списанието „Современи дијалози“ кое содржи авторски трудови на 50 македонски и 30 писатели од странство, а се издава со поддршка на Министерството за култура.

Празничните манифестации по повод денот на ослободувањето на Битола денес продолжуваат со шаховски турнир за слепи лица, велосипедска трка, градско кугларско провемство и моќна атлетска трка по Широк Сокак.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска