Захарова: САД месечно шверцуваат сириска нафта во вредност од 30 милиони долари

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ги обвини САД дека „месечно шверцуваат сириска нафта во вредност од 30 милиони долари“.

Таа додаде дека САД „ги кршат сопствените санкции“ и оти „ги кријат сопствените криминални активности“ под изговор борба против Исламска држава.

Захарова наведе дека американските сили најверојатно немаат намера „во блиска иднина“ да се повлечат од деловите на Сирија каде се наоѓаат нафтените полиња.

Руското Министерство за одбрана минатата недела објави сателитски снимки кои наводно докажуваат дека криумчарите на нафта во Сирија се под надзор на САД, што портпаролот на МО, генерал-мајор Игор Конашенков го опиша како „меѓународен државен бандитизам“.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио