Новиот папа на Римокатиличката црква е 76-годишниот аргентински кардинал од Буенос Аирес Хорхе Берголио.
Италијанската телевизија објави дека тој го избрал името Франческо (Франсис) Први, што се толкува како избор на име кое симболизира скромност и ветува реформи во црквата.
Новиот папа предводи 1,2 милијарда католици во светот.
Големата маса народ што се наоѓа на централниот плоштад пред црквата со часови чекаше на оваа објава и воодушевено и со извици го поздравија појавувањето на својот нов верски лидер.