Камбовски од септември ректор на ФОН

Од:

Актуелниот претседател на МАНУ, професорот Владо Камбовски, од септември ќе биде нов ректор на приватниот универзитет ФОН, објави Дневник.

Во моментов Камбовски е ангажиран како редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Согласно статутарните определби на Универзитетот ФОН и приближувањето кон Лисабонската агенда за високо образование, Управниот одбор на ФОН ја донесе одлуката на Сенатот на Универзитетот да му го предложи академик Владо Камбовски за нов ректор. Професорот Камбовски ќе ги преземе обврските како нов ректор со почетокот на зимскиот семестар 2013, односно од новата академска година во септември оваа година. Дотогаш Камбовски ќе ги врши своите обврски на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје – велат од ФОН, пишува „Дневник“.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците