Средби на Палмер со партиските лидери во Амбасадата на САД во Приштина

Од:

Специјалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Метју Палмер, кој престојува денеска во Косово, претпладнево во американската амбасада во Приштина се сретна со премиерот во оставка и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, околу пладне со лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, а нешто пред 12.30 часот во зградата на Амбасадата влезе и доскорешниот претседател на косовското Собрание, лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, за во 13.30 часот е закажана средба на Палмер со претседателот на Косово (ПДК), Хашим Тачи.

Засега нема информации од ниту една од страните за тоа за што станало збор на средбите на Палмер со партиските лидери.

Од партијата Движење Самоопределување (ВВ), која победи на парламентарните избори на 6 октомври потврдија дека нејзиниот лидер Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на новата косовска Влада, нема да се сретне со американскиот дипломат. ВВ соопшти дека Курти се наоѓа во странство, во посета која е порано испланирана, но не прецизираат во која држава отпатувал.

Најавувајќи ја посетата на Палмер, Амбасадата на САД во Приштина вчера објави дека тој ќе има обраќање во Националната библиотека на Косово пред студенти и претставници на невладиниот сектор.

– Заменик-помошникот државен секретар на САД, воедно специјален пратеник на државниот секретар за Западен Балкан, Метју Палмер ќе се обрати на публика составена од студенти и претставници на граѓанското општество. По обраќањето, тој ќе одговара на прашања од таа публика. Настанот е закажан за во 15 часот, во петок, се вели во соопштението на американската амбасада.

Американскиот дипломат престојува во Косово по вчерашната еднодневна официјална посета на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина