Кривични пријави за двајца жители на Чашка за кражба на железни предмети

Од:

СВР Велес до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 33 годишниот С.Ј и 38 годишниот Р.Ј од Чашка заради кражба на повеќе железни предмети вредни 210 илјади денари од котларницата во хотелот во Горно Врановци што подолго време е напуштен.

Двајцата невработени собирачи на старо железо во почетокот на февруари годинава го скршиле прозорот на котларата на хотелот во Горно Врановци и оттаму украле повеќе железни предмети вредни 210 илјади денари. На 13 февруари годинава тие овие предмети му ги продале на лице од Велес за сума од 10 илјади денари, информира портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров, на денешната прес-конференција.

Во моментот на транспорт во своето товарно моторно возило Там лицето при рутинска контрола било сопрено од сообраќајна полиција при што се пронајдени отуѓените предмети. Потоа биле вратени на претставник на општина Чашка во чија сопственост е хотелот во Горно Врановци.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи