Шилегов: Новите автобуси ќе бидат на погон на водород со нула емисија на штетни госови

Од:

Град Скопје повеќе не прави студии за трамвај, туку пред Нова година ќе почне да го гради, најави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на вечерашната трибина „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“.

Скопскиот градоначалник посочи дека новите автобуси ќе бидат на погон на водород кој произведува електрична енергија што ги движи, а нус производ е вода и имаат нула емисија на штетни госови во атмосферата. Тој очекува од февруари да бидат пуштени во сообраќај.

-Скопје ќе добие сосема поинаков јавен градски превоз што ќе овозможи да се забрани движењето на автомобили во централното градско подрачје, рече Шилегов.

Нагласи дека паралелно ќе се развиваат двете трансферзали во Градот, исток – запад и север – југ односно, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и од Кисела Вода до Бутел.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он