Русија нема потврда за информацијата за директни сериозни судири меѓу војските на Турција и Сирија во реонот на реализација на руско-турскиот меморандум од 22 октомври, изјави на прес-конференција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Не сум слушнал за потврда за директни сериозни судири меѓу сириската и турската армија во определената област, каде што се применуваат договорите на руско-турскиот меморандум од 22 октомври, рече Лавров.
Во однос на изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста за проширување на безбедносната зона во северна Сирија, Лавров истакна дека Ердоган „не го кажа тоа експлицитно“.
– Колку што разбрав, тој рече дека очекува да бидат исполнети договорите од 22 октомври, рече Лавров.