(ВИДЕО) Лазарова: За 15 отсто зголемени бодовите за матичните лекари

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките од Програмата што обезбедуваат подобри услови за работа на здравствените работници и поголема грижа за граѓаните.

Матичните лекари и гинеколози од 1 октомври добиваат зголемување на бодот за капитација од 8 денари што е за 16 отсто повеќе од досега.

8 денари зголемување добиваат и матичните стоматолози, што е зголемување од 20 отсто.

Го зголемуваме и надоместокот за приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, кои наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно.

Висината на надоместокот на приватните специјалисти-ортодонти од 97.000 денари се качува на 111.000 денари месечно“, рече Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Се зголемува и надоместокот за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот, кое изнесува околу 15 отсто, за што се обезбедени вкупно 62,5 милиони денари.

За оваа мерка која е дел од реформата на примарното здравство, во буџетот се обезбедени 465 милиони денари за зголемување на надоместокот што го примаат матичните лекари по пациент.

Тоа се пари на граѓаните, кои се враќаат како поддршка на матичните лекари , за помотивирани лекари и поквалитетни здравствени услуги.

Со оваа реформа ја поттикнуваме превентивата во примарната здравствена заштита, се со цел за спречување и рано откривање на болести, како и навремено лекување и соодветно водење на пациентите со хронични болести.

Матичните лекари ќе можат да препишуваат лекови, кои досега не можеа да ги препишат без дозвола од специјалист.

Ова е една од мерките, со која заедно со повисоките плати во секундарното и терциeрното јавно здравство, се спречува одливот на медицинскиот кадар од јавното здравство, а граѓаните добиваат здравствени услуги со подобар квалитет и поширок спектар.

СДСМ како одговорна партија, ги реализира своите ветувања, ги враќа парите кај граѓаните и создава услови за поквалитетен живот за сите граѓани.

На прав пат сме, обезбедуваме раст на платите во здравството на сите нивоа, ја унапредуваме здравствената заштита и грижата за граѓаните“, изјави Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“