По повод Денот на крводарителите, СДСМ од Куманово утре традиционално и годинава ќе организира крводарителска акција, која ќе се одржи во просториите на Комитетот, со почеток од 10 часот.
Од општинската организација на СДСМ ги повикаа сите хумани граѓани да се вклучат во добротвордната акција.
Петта година по ред имаме голем одзив од граѓаните и над 100 крвни едници. Се надевам дека годинава таа бројка ќе ја зголемиме. На акцијата ги поканувам не само членовите на СДСМ, туку и сите граѓани на Општина Куманово да учествуваат – изјави претседателката на Комисија за здравство во СДСМ Куманово, Валентина Мициќ.
Елена Георгиевска