Албанија се попишмани, не му ја донира на УНЕСКО иконата „Воскрение на Свети Лазар“

Од:

Албанската Влада ја поништи одлуката, што ја донесе пред една година, со која на УНЕСКО требаше да му ја донира иконата „Воскресение на Свети Лазар“.

Врз основа на новодонесена одлука иконата не може да стане сопственост на УНЕСКО.

„Иконата успешно е реставрирана и владата сакаше да ја донира на УНЕСКО. Сега владата одлучи таа да остане во Албанија, наведува тиранската телевизја Топ чанел.

-Се укинува одлуката на Советот на министри бр.564, од 29 септември 2018 година, за донација на УНЕСКО на иконата „Воскресение на Свети Лазар“, во рамки на 60-годишнината од членството на Албанија во оваа организација, пишува на одлуката потпишана од премиерот Еди Рама.

Уште стои дека одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот и член 113 од Законот за административна процедура на Албанија по предлог на Министерството за култура, кое е надлежно за нејзино спроведување.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек