Албанија отвора посебна мисија во Украина

Од:

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај информираше дека Владата во Тирана донела одлука да отвори посебна мисија на Република Албанија во украинскиот главен град Киев.

Во објавата на „Фејсбук“, Цакај пишува дека целта на оваа предлог одлука е исполнување на еден од клучните приоритети на албанското претседавање со ОБСЕ, што се однесува на ситуацијата во и околу Украина, покрај другите продолжени конфликти кои се во фокус на оваа организација.

Според Цакај, таа одлука е израз на посветеноста на Албанија да остане на висината на оваа функција за време на претседавањето со ОБСЕ во 2020 година.

– За Албанија како земја претседавач на ОБСЕ е од најголема важност да ја испорача, прво, на украинската страна пораката за важноста и вниманието што таа им го дава за решавање на прашањето на конфликтите во Украина, и второ, на 56-те земји членки на ОБСЕ, напиша Цакај на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски