Абу Бакр ал Багдади, иквидираниот водач на Исламската држава, во ирачката пустина криеше богатство во готовина, злато и сребро во вредност од 25 милиони долари! Дел од закопаното богатство на Багдади веќе го пронајдоа локалните ирачки земјоделци.
Ова го тврди Мухамед Али Сајет, еден од блиските соработници на Багдади, чии информации помогнаа во лоцирање на џихадистичкиот лидер и самонаречен калиф. Сајет е во роднински врски со Багдади (тој е оженет со една од неговите роднини) и е член на Исламската држава од 2015 година.
Сајет беше уапсен пред два месеци во Багдад од ирачките безбедносни сили и, кога беше испрашуван, откри детали за движењето и за тоа како се крие најбараниот терорист во светот.
Багдади, како и повеќето водачи на Исламска држава, имал обичај да крие пари во пустината, најмногу долари, но и злато и сребро. Тој во подземните бункери кои ги украсил со верски текстови сокрил најмалку 25 милиони долари.
Некои од овие бункери во ирачката пустина подоцна беа пронајдени од локалните сточари, рече Али Сајет.