Бакрачески најави реконструкција на Градското пристаниште во Охрид

Од:

 Кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески денеска пред медиумите најави реконструкција и осовременување на Градското пристаниште како еден од најрепрезентативните и најпретпознативите објекти во градот.

Тој истакна дека токму поради тоа Градското пристаниште во Охрид треба да добие лик, но и функционалност и организација како што доликува на современа туристичка дестинација кон која тежнее Охрид.

– Развојот на Охрид за заснова врз услиугите што ги дава во туризмот, затоа треба да има локации и објекти кои ќе ги чинат визуелните перцепции на туристите и гостите кои доаѓаат тука. Во таа насока, изминатите неколку месеци јас како кандидат за градоначалник, заедно со дел од мојот тим, идните советници, капетанијата направивме максимални напори да обезбедиме финанфиска поддршка од Владата за реалициаја на храбар проект за реконструкција и модерницазција на градското пристаниште, рече Бакрачески.

Тој изрази задоволство од поддршката што во таа насока ја добил од власта и најави дека најголем дел од активностите предвидени во планот и проектот за модерницација на Градското пристаниште се во завршна фаза.

– Ова е и еден пример на кој начин во иднина локалната самоуправа може, треба и мора да соработува со државата и државните иснтитуции во насока на реализација на општите интереси на градот. Сите ние во интерес на градот треба да имаме јасен став во соработката со државните институции, тука нема место за политичко инаетење и секогаш кога ве води позитивна мисла, кога имате јасна визија и точно утврдени цели и задачи, резултатите во реализацијата на проектите и изградба на убави дела се неизбежни, додаде Бакрачески.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар