Кодексот за фер избори го потпишаа и кандидатите за градоначалници на Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани

Од:

Кандидатите за градоначалници на општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани денеска потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори, чин инициран од Институтот за парламентарна демократија, а во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни односи.

Со парафирањето на кодексот, потписниците јавно се заложија за спроведување фер и демократски избори, владеење на правото, како и за коректно однесување во текот на предизборната кампања и во самиот тек на изборите.

За кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Бакрачески, демократските и фер избори се основен белег на демократија по кој се препознаваат цивилизираните општества.

– Уште еднаш ја искажувам мојата желба за фер и демократски процес, затоа што не постои алтернатива за нас како општество кое се стреми да ги примени европските стандарди за еден мирен и демократски изборен процес, рече Бакрачески потсетувајќи дека се залага подигање на нивото на политичка свест и културна комуникација во јавните настапи.

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „Сојуз за иднината“ од своја страна изрази сомневање дека изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера.

– Мислам дека овие избори во никој случај не можат да бидат фер и демократски од причина што не е важно само денот на гласањето да помине мирно, без да има пукотници. За мене фер избори се ако и во изминатите четири години сме се однесувале фер и коректно. Не можат да бидат фер и коректни зашто сите овие четири години бев спречуван од Владата да се направи она што е потребно за Охрид, изјави Петрески.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски