ФФМ и УЕФА заеднички организатори на регионална конференција за безбедност и пиротехника

Од:

Во организација на Европската фудбалска федерација и Фудбалската федерација на Македонија, во Скопје се одржува првата Регионална конференција за пиротехника.

Во присуство на 120. учесници, меѓу нив и предавачи интернационални експерти на темата кои ќе го пренесат своето знаење и искуство на присутните гости од нашата држава и Асоцијациите од регионот, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Важноста на овој настан ја потврди и срдечниот поздравен говор на Михаел Ван Праг, член на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Холандската фудбалска Асцоцијација.

– Во име на УЕФА и нашиот претседател, Александар Чеферин изразувам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за заедничкото организирање на оваа важна конференција. Нашата одговорност е да се обидеме да најдеме правилен метод за соочување и справување со овие проблеми, бидејќи голема е загриженоста од зголемувањето на нивото на инциденти на фудбалските натпревари, а безбедноста на навивачите и љубителите на фудбалот секогаш е на прво место. Ние знаеме дека секоја држава или федерација на различен начин се справува со овие предизвици и драго ни е што денеска и утре ќе ги слушнеме и размениме методите кои во иднина можат да ни бидат од заедничка корист, изјави високиот гостин на УЕФА, Михаел Ван Праг.

Како главни теми на дводневната конференција на која исто така присутни се претставници од државните институции, Министерството за внатрешни работи, Агенции за приватно обезбедување, фудбалските клубови, навивачките групи, ќе бидат: Национална стратегија по однос на прашањето; Законски рамки; Превентивна стратегија, превенција и справување со пиротехника.

Поздравно обраќање во име на Фудбалската федерација на Македонија имаше генералниот секретар Филип Поповски.

– За нас ова е добра прилика да ја видиме ситуацијата околу безбедноста и користењето на пиротехника на стадионите од различни перспективи, меѓусебно подобро да се разбереме и низ заедничка соработка да бидеме подготвени за предизвиците кои се пред нас. И покрај фактот што прашањето околу безбедноста и сигурноста на фудбалските стадиони се подобрува, не смееме да ги затвориме очите и пред фактот дека постојат проблеми кои нашиот спорт го доведуваат во опасна зона. Ова е работа во која сите ние мораме да преземеме свој дел од одговорностите за решавање на проблемите, рече Поповски.

Тој изрази надеж дека по завршувањето на оваа конференција, споделувањето на искуствата и предизвиците, ќе бидат од голема корист за сите и дека ќе се добие многу појасна слика за тоа каде да се делува и со кои средства за да се решат одделни проблеми.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски