Либанската војска бара демонстрантите да ги одблокираат патиштата

Од:

Либанската војска денеска ги повика антивладините демонстранти да ги отворат сите поголеми патишта, кои се блокирани откако почнаа протестите пред речиси две седмици.

Војската соопшти дека мирните демонстранти можат да протестираат само на јавните плоштади.

Соопштението од војската доаѓа само еден ден откако премиерот Саад Харири му ја достави својата оставка на претседателот Мишел Аун.

Речиси две недели траат протестите во Либан, а демонстрантите бараат оставка од Владата заради големото незадоволство во јавноста по откриените случаи на корпуција, во кои се вмешани политичари од владејачките партии.

Протестите почнаа на 17 октомври поради предложениот данок на повици по пат на апликација за допишување. Владата на премиерот Саад Харири брзо се откажа од предложената мерка и објави пакет економски реформи. Меѓутоа, протестите се проширија и беше побарано заминување на целата власт.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот