Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на каналот на Јутјуб објави видео снимено пред средбата на лидерите од регионот.
На снимката се слуша како претседателот на Србија, Александар Вучиќ им дофрла на Хашим Тачи и Федерика Могерини за нивното поздравување.
„Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува“, им вели Вучиќ, додека сите се смеат.