(ВИДЕО) Макрадули: Јас ќе го урнам ѕидот на тишината

Од:

Јани Макрадули кандидатот за градоначалник на Скопје, на Сојузот за иднината ќе ги руши ѕидовите во Скопје кои се многубројни. Еден од тие е ѕидот на тишината, со кој живеат скопјани кои имаат пречки во слухот и говорот.

„Иако живееме едни со други, меѓу нас владее тишина. Тие нашиот говорен јазик неможат да го научат, но ние нивниот можеме. Јас Јани Макрадули, како градоначалник на СКопје ќе го урнам ѕидот на тишината. Во Скопје ќе се отвори центар за изучување на јазикот на лицата со оштетен говор и слух“, рече Макрадули.

Часовите ќе бидат бесплатни а предавачи ќе бидат стурчни лица. Во тимот на Макрадули на прес конференциите ќе има и лице кое ќе говори на јазикот на граѓаните кои имаат пречки во слухот и говорот.

Макрадули ветува и пристапни рамки до секое место кое е во надлежност на градот. Во секое одделение каде што ќе има ученик со попреченост ќе бидат обезбедени асистивни уреди кои ќе му го олеснат користењето на компјутерот. Макрадули апелира и другите градоначалници да ја прифатат и спроведат оваа идеја.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата