Конте до Заев: Зоране нема да дозволиме твојот народ да се почувствува несигурен

Од:

На Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, изјави премиерот на Италија, Џузепе Конте, на средбата со македонскиот премиер, Зоран Заев, во Рим.

„Северна Македонија водена од Заев е пример за сите балкански земји. Со храброст ги решава сите проблеми. Има голема поддршка од Италија. Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да ѝ се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите“, рече Конте.

Тој додаде дека Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија. „Ја поддржуваме земјата, поддржуваме одлука за почеток на преговори. Сакам на вашиот народ Зоране да му кажам дека нема да дозволиме твојот народ да се почувствува несигурен. Се работи за историска грешка која мора да ја исправиме“, рече Конте.

Заев, пак, му се заблагодари на италијанскиот премиер за поканата за посета на Рим.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка несреќа во Италија, загина наставничка, неколку ученици се повредени

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Инцидент во Италија: Автомобил прегазил неколку пешаци, најмалку едно лице загина

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он