Чешкиот премиер Петар Нечас го разреши министерот за правда Јиржи Поспишил затоа што во време на штедење побарал дополнителни 40 милиони евра за неговиот ресор.
Отказот на најпопуларниот министер во чешката влада го потпиша претседателот Вацлав Клаус.
„Ја изгубив довербата во Поспишил. Не успеа да ја исполни својата менаџерска улога во министерството. Сите министри се обидуваат да штедат, а тој побара да му биде зголемен буџетот“, рече Нечас на вонредната конференција во Прага.
Разрешување на министерот беше гром од ведро небо.Утринава тој самиот дознал дека ќе биде разрешен.
Медиумите трагаат по некоја друга причина за губењето на функцијата на Поспишл затоа што тој досега неколку пати беше пофален за своете работење и промените во законите што ги спроведе.