Во два одвоени напади кои биле извршени против безбедносните сили во северниот дел на Синајскиот Полуостров убиен е еден полициски регрут, а тројца се повредени, соопштија египетските власти.
Во напад, кој се случил доцна вчера во градот Шеик Зувеид, повредени се уште тројца полицајци кои се хоспитализирани во локална болница.
Властите исто така потврдија дека безбедносните сили во одвоена акција во приморскиот град Ел Ариш Ел Обур, убиле 13 бунтовници.
Полицијата пронашла оружје и експлозиви во засолништето на бунтовниците, а форензички тимови работат на идентификација на телата на убиените.
Египет со години се бори против бунтовниците кои на Синај ги предводи припадник на организацијата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ), а која повремено дејствува и во други делови од земјата