Редари ќе ги чуваат новите корпи за отпадоци

Од:

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ постави 85 нови корпи за отпадоци во Старата скопска чаршија. Надлежните апелираа граѓаните да се грижат за новите корпи, да не ги кршат капаците и отпадот да го одлагаат во корпите, а не околу нив.

„Апелираме до граѓаните да бидат совесни, да не фрлаат околу корпите да не ги уништуваат, за да не ни се повтори истата слика од пред неколку недели. Ќе има поставено редари секаде каде што се поставени и ќе ги упатуваат граѓаните. Корпите ќе се празнат секојдневно, со цел да зачуваме чист, еден од најатрактивните делови за туристите, чаршијата на Скопје”, рече Абфулсамет Шабани, директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Акцијата за поставување на корпите за отпадоци продолжува утре, при што исти вакви ќе се монтираат на кејот на Вардар.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош