Конкурс за официјална илустрација на фестивалот „Литера 2020“

Од:

Распишан е меѓународен конкурс за креирање на визуелниот идентитет на второто издание на Фестивалот за литература за деца и илустрација „Литера“ кое ќе се одржи во април идната година.

Авторот на избраната илустрација која ќе биде дел од официјалниот постер на фестивалот ќе има можност да го посети Саемот за литература за деца и илустрација во Болоња, кој ќе се одржи од 30 март до 2 април 2020 година и таму да го претстави своето портфолио.

Главната цел на Литера е популаризација на квалитетната детска литература и илустрација и подигнување на свеста за нејзината важност во целокупниот процес на раст и развој на децата.

-Фестивалот ги таргетира професионалците од оваа област, но и родителите и децата. За да изградиме квалитетно општество и публика за култура, треба да работиме на нејзино создавање уште од мали нозе. Квалитетна литература за деца е столб на емоционалната интелигенција кај најмладите. Токму тоа е еден од мотивите да продолжиме да го организираме Литера, вели во пишана изјава Софија Семенпеева, организатор на фестивалот.

Првото издание на Литера се одржа во април годинава. На настанот гостуваа голем број автори од државава и од регионот и се одржаа повеќе изложби, работилници за деца и дебати за значењето на литературата во детскиот развој.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска