Штетните ПМ 10 – честички во Лисиче и во Кавадарци повторно ќе се мерат од 20 декември, инструментите исклучени оти се дотраени

Од:

Дотраени инструменти, сервисирање и калибрирање на инструментите се причините поради кои повеќе од половина државни мерни станици не даваат целосни податоци за загадувањето на воздухот, изјавија за „А1он“ од Министерството за животна средина. До крајот на годинава граѓаните повторно ќе имаат увид во концентрациите на ПМ 10- честичките во Лисиче и Кавадарци кои лани беа на врвот на листата по загаден воздух со овие честички, а повторно ќе се мери ПМ10 и во мерните станици Велес 2, Кичево и Гостивар. Министерството за животна средина извести дека во овие мерни станици, исто како и во мерната станица Битола 1 со месеци не се мери концентрацијата на ПМ10 – честичките поради дотраени инструменти.

„ Инструментите за РМ10 на мерните места Лисиче во Скопје, Битола 1 во Битола, Кичево, Гостивар, Велес 2 и Кавадарци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеност на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години. Во тек е спроведување на постапка за набавка на 5 нови инструменти за мерење РМ10, кои треба да се инсталираат и пуштат во употреба најдоцна до 20 декември 2019 година. Со што ќе се заменат инструментите од мониторинг станиците: Лисиче, Велес 2, Кавадарци, Кичево и Гостивар. Во рамките на проектот за меѓугранична соработка со Грција во текот на наредна година се очекува и замена на инструментите од мерното место Битола 1“, велат од Министерството за животна средина.

Шесте мерни станици кои мерат концентрација на ПМ 2.5 – честички во воздухот и денес покажуваат многу високо, високо и средно загадување

Дефект и сервисирање на инструментите се причини поради кои мерните станици Кавадарци, Кичево и Велес 2 не се мерат концентрациите на азот диоксид, а од истите причини не се мери јаглерод моноксид и озон во Центар и во Карпош.

„Мерните инструменти за мерење на NO-NO2-NOx од мерните станици: Кавадарци, Кичево и Велес 2 во моментов се сервисираат, тестираат и калибрираат. По завршување на постапките истите во најбрз можен рок ќе бидат вратени во функција или ќе бидат отстранети од системот доколку не може да се поправат. Во мониторинг станиците Центар и Карпош  не се мери СО и О3 од причина што инструментите не се во функција, истите не можат да се сервисираат и треба да се заменат со нови мерни инструменти“, објаснуваат од Министерството за животна средина.

Од осумнаесетте државни мерни станици ПМ 2.5 – честички се мерат само во шест. Министерството има план за поставување инструменти за мерење на ПМ 2.5 во повеќе мерни станици, но на планот се уште се работи. Од Министерството нагласуваат дека мерната мрежа ги исполнува минималните критериуми за број на мерни места кои мерат ПМ2.5-честички во воздухот.

 

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

Дефектот е отстранет, но последиците ќе траат соопшти „Мајкрософт“

Катерина Ѓуровски

„Струшки вечери на поезијата“ од 22 до 26 август под мотото „Допир на убавината“

Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појасно е кој е главниот виновник за глобалниот технолошки дефект

Огромен технолошки дефект предизвикува проблеми ширум светот

Катерина Ѓуровски