На социјалните медиуми денеска се појави видео од разрушениот бункер во кој што се криеше водачот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, кој беше убиен во специјална операција од страна на американските сили во северозападна Сирија.
На видеото се гледаат остатоците на бункерот, валкана облека, уништени душеци.
Во мисијата во која беше убиен ал-Багдади беа вклучени и голем број американски авиони и бродови.
Во текот на акцијата, хеликоптерите беа мета на локалните милитанти, но воените трупи возвратија на нападот и со тоа ја елиминираа заканата, пренесува Avaz.ba.
Откако стигнаа до нивната дестинација, трупите го пробија одбрамбениот ѕид за да избегнат мини и други стапици во околината. Потоа се соочија со борците на Исламска држава, известува Avaz.ba.