Солун: Нападната канцеларија на тројца владини членови

Од:

Во Канцеларијата на тројца членови на владината Нова демократија во Солун е фрлена експлозивна направа, при што е повредена една жена.

Никој од грчките политичари не е повреден, а жената која се здоби со изгореници веднаш е пренесена во болница.

Според полицијата најголема штета претрпе канцеларијата на заменикот на грчкиот министер за развој, Ставрос Калафатис, а штетите на канцелариите на грчките пратеници Јоргос Орфанос и Костас Јулексас се уште не се проценети.

Во Грција се почести се нападите со молотови коктели, а напаѓачите воглавно се левичари и дел од грчката анархистичка група.

Најчеста мета на нападите се владините институции и банките.

Претходниот напад беше кога група од дваесетина лица ја нападна полициската станица во ценарот на Атина и запали два моторцикли.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит