Приведен тетовец осомничен за предизвикување пожар на Шар Планина

Од:

Тетовската полиција лишила од слобода 44-годишник од градот кој на Шар Планина при подготовка да направи скара, запалил оган што се проширил, па изгорела поголема површина сува трева.

Според првичните информации од тетовската полиција, тој ќе се соочи со пријава за предизвикување општа опасност што подразбира кривична одговорност.

– Во неделата во 13 часот и 15 минути кај место викано „Голгота“, атар на с.Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово. Околу 12 часот на наведеното место, во нива, негова сопственост при подготовка да направи скара, Ф.Н. запалил оган кој се проширил при што изгорела поголема површина сува трева, соопшти денес СВР Тетово.

Завчера на две места сличен пожар на површина со сува трева и друг вид зеленило имаше и на две локации во близина на Попова Шапка. Таму интервенирале и тетовските пожарникари.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари