Новинари на британскиот Хералд он Сандеј направија листа од 10 најпродавани автомобили во светот на чиј врв е Тојота Корола.
Јапонците во 10 генерации на тој „бестселер“ од 1966 година вкупно продале 39 милиони примероци.
Втор на листата е американскиот Форд Ф-150 кој како и Корола во 10 генерации од 1948 година, е продаден во 34 милиони примероци.
Популарниот европски Голф на Фолксваген е на трето место со 27 милиони примероци за шест генерации од 1974 година, доека „Буба“ е на четврто место со 23 милиони продадени примероци.
На петтото место е Форд Ескорт со 20 милиони примероци меѓу 1968 и 2003 година.
Листа на најпродавани автомобили:
- Toyota Corolla – 39-милиони
- Ford F150 – 34-милиони
- VW Golf – 27-милиони
- VW Beetle – 23-милиони
- Ford Escort – 20-милиони
- Honda Civic – 18-милиони
- Honda Accord – 17-милиони
- Ford Model T – 16.5-милиони
- VW Passat – 15-милиони
- Chev Impala – 14-милиони