Шулц: Србија заслужи датум за преговори

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази уверување дека ЕУ треба да утврди датум за почеток на преговори за приемот на Србија и истакна дека Комитетот за надворешни работи во Евро-парламентот, во нацрт-резолуцијата ќе признае дека Србија вложила голем напор.

-Верувам дека лидерите на ЕУ треба да одредат датум за почеток на преговорите, доколку Србија продолжи со спроведување на реформи и понатаму ќе игра конструктивна улога во регионот – изјави тој.

Тој нагласи дека ќе го пренесе големиот напредок, но дека не треба да се радува предвреме.

-Има се уште многу работа, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заслувањето на државните институции и правосудскиот систем – изјави Шулц.

Тој оцени дека е видлив напредокот во дијалогот на Белград со Приштина и дека состанокот на претседателот Томислав Николиќ и Атифе Јахјаг значи дека државите се подготвени за нормализација на односите.

-Белград и Приштина треба да разговараат за практични работи, дури и ако не се подготвени да разговараат за целокупната, односно доколку се уште не можат да разговараат за конечно решавање на проблемот- изјави Шулц.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски