Кривична пријава за лице кое му се заканувало на директорот на „Охридски комуналец“

Од:

Охридската полиција поднесе кривична пријава против лицето С.Д. (49) од Охрид, поради основани сомневања дека е сторител на казнено дело „загрозување на сигурноста“.

Според полициското соопштение, пријавениот на 8 овој месец во два наврата му упатил сериозни закани на Сашо Алчев (42) директор на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ кој во својство на службено лице извршувал службени дејствија. Заканите пријавениот ги извршил најнапред телефонски јавувајќи му се на Алчев на неговиот службен мобилен телефон, изрекувајќи му низа навредливи, недолични и заканителни зборови. Таквиот телефонски разговор директорот на Комуналец го прекинал, исклучувајќи го мобилниот телефон.

Околу пладне истиот ден, пријавениот го забележал Алчев во кафе барот „Новел“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Притоа, приоѓајќи му на една од масите, пријавениот С.Д. на висок тон му се заканал дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Тој му упатил сериозни закани, лични навреди и со недолично однесување го повикал директорот на „Охридски комуналец“ надвор од објектот на физичка пресметка.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје