Поглаварот на Кипарската православна црква, архиепископот Хризостомиос Втори оцени дека би било подобро Кипар да ја напушти еврозоната, наместо да спроведува мерки за штедење.
Архипископот во интервју за кипарската државна телевизија Си-Би-Ес, изјави дека строгите мерки за штедње, чие спроведување е услов за добивање на помош од меѓународните кредитори, само би ја вратиле кипарската економија со децении назад.
Архиепископот Хризостомиос ги оцени и како неприменливи барањата на кредиторите – еврозоната и Мешународниот монетарен фонд, кои беа поставени за време на преговорите за доделувањето на пакетот позајмици за Кипар во износ од 17 милијарди евра.
– Никогаш не ни помислив дека ЕУ ќе го притиска Кипар да почне да гладува, изјави архиепископот Хризостомиос, додавајќи дека напуштањето на еврозоната би предизвикало штети врз кипасрката економијата, но би му овозможило на Кипар „да го зачува своето достоинство“.
Според него, строгите мерки на штедење што странските кредитори со обидуваат да му ги наметнат на Кипар, најверојатно се со цел да си обезбедат повластена позиција во искористувањето на значајните наоѓалишта на природен гас во кипарските територијални води.