Фондот за здравствено осигурување на Македонија утврди нови референтни цени за лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Новите цени на лековите треба да започнат да важат од први јули оваа година, соопшти на средба со новинарите, Маја Парнарџиева Змејкова, директор на Фондот за пензиско осигурување.
Педесет и четири нови лекови без доплата се обезбедени со третата ревизија на позитивната листа, и со ова бројката се зголеми на 382 лекови без доплата
„Дваесет лека помалку имаат доплата од 50 до 100 денари, од 100 до 500 денари сто лека имаат намалена доплата, намалување за 11 лека за доплата има од 500 до 1.000 денари, а намалување за 13 лека за доплата од 1.000 до 2.000 денари. Остануваат само четири лека со ваква доплата. Нема лекови со доплата од две до три илјади денари, а порано имаше. Еден лек останува, а претходно биле 13 кои имале доплата над 3.000 денари“, рече Парнарџиева Змејкова.