А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Самостојниот синдикат за здравство бара корекции на платите на вработените во дејноста

by А1он25/10/2019 - 11:44335
Share0

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита бара корекцијата на платите за три отсто со ноемвриската плата и дополнителни 16 отсто за сите вработени во здравството, согласно коригираниот процент на минималната плата во државата.

Добивај вести на вибер

– Останувајќи доследен на своите синдикални определби и социјалниот дијалог со посебен акцент за подобрување на општествено социјалната положба на вработените во здравствената дејност Советот расправаше и побара: корекција на платите за 3% кои останаа нереализирани по направеното зголемување на платите во јануари 2019 година за медицинските сестри и другите здравствени работници со средно, вишо и високо образовани. Истата корекција се побара да биде реализирана и за лекарите од општа пракса. Притоа, Советот беше едногласен оваа корекција да биде пресметана со платите за ноември кои ќе бидат исплатени во декември оваа година.се наведува во соопштението од Синдикатот.

Советот, се додава, побара и јануарските плати во 2020 година да бидат коригирани за 16% за сите вработени во здравството, согласно коригираниот процент на минималната плата во државата.

-Како Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, кој се грижи за сите вработени во дејноста очекуваме реализација на нашите барања од надлежност на Министерството и Владата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

mzsamoestoen sindikat za zdravstvo

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Здравствените работници бараат повисоки плати или ќе протестираат

Катерина Ѓуровски10/09/2023 - 12:33

30 проценти повисоки плати, колетивни договори без аномалии или протести се заканија здравствените работници

Катерина Ѓуровски07/08/2023 - 13:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен