Ристески: Прилеп е меѓу најубавите градови во Европа, најчист во Македонија

Од:

Марјан Ристески, кандидат за градоначалник на Прилеп од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг зборуваше за сивилото кое го оставиле СДСМ, но откако е тој на првата позиција, со изградбата на плоштадот со уште три плоштади го исфрлиле градот на едно од највисоките места на најубави градови на Балканот.

Прилеп е најчист и најубав град во Македонија, рече тој. Прилеп го претворивме во културен центар на Балканот, го имаме Пиво Фест, кој оваа година ќе прерасне не во Балкански, туку во европски и светски фестивал, рече Ристески.

Отпорашите кои ја девалвираа нашата држава, квази бранители и насилници имаа можност шетајќи по улиците да ги видат сите наши дела во Прилеп. Дали ова ви изгледа како програма, се повикуваат на ова мало флаерче дека ќе го оправеле земјоделието, а тоа е исправено до владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го развиеле културниот туризам, а кога беа на власт ги заборавија сите цркви и археолошки локалитети во МАкедонија. Тие ги уништија спортските терени, спортски сали.

Го имаат и најчудниот прект-не 5 не 15 туку 500 акумулации ќе направеле во Прилеп, дали верувате дека ќе никнат 500 акумулации за 5000 вработувања? На оваа лага на Хари не му веруваат ни децата во градинка. Од каде пари, од каде толку вода за 500 акумулации?

Со сите лаги во брошурчето, тој го надимна и својот лидер Бранко Црвенковски, рече Ристески.

Ристески вети нови вработувања, нови индустриски центри, нови индустриски зони, град кој ќе станел најинтересното место за инвестирање во Македонија, нов трговски центар, 78 нови социјални станови, хотел, автобуска, реконструкција на железничката станица, јавен градски превоз, сите пензионери во сабота со бесплатен превоз.

Лага е дека СДСМ ќе го гасифицира Прилеп, градот може да биде гасифициран со приклучување на Јужен поток, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно