Борче Стефановски, кандидатот за градоначалник од „Сојузот з иднината“ за Гази баба вечерва на митингот, рече дека секојдневно од неисполнетите ветувања гледаме урнатини, сиромаштија, Гази Баба им сврте грб на младите.
„Доста ни е од лажни ветувања и книговодство на неисполнети желби. Живото нема реприза. Ајде да бидеме искрени и да се прашаме дали можеме да ги реализираме ветувањата. Ние можеме. За една година ќе направам колку сегашниот градоначалник направи за 4 години. Ветувам дека нема да остане ни една неасфалтирана улица. Ќе ја гасифицирам општината. Ќе организираме служба за бесплатна достава на лекови. Ќе создадеме услови за нови 5.000 вработувања.Ќе исградиме лизглаиште и осветлени игралишта“, рече Стефановски.