Бајден на „Твитер“ ја поздрави ратификацијата на Протоколот во Сенатот на САД

Од:

Поранешниот американски заменик-претседател Џо Бајден денеска на „Твитер“ изрази силна поддршка за интегрирањето на Северна Македонија во НАТО, откако завчера Сенатот го ратификуваше Протоколот за членство во Алијансата.

-Силно го поддржувам одобрувањето на членството на Северна Македонија во НАТО од Сенатот. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа во целина, слободни и во мир и ние треба да ги поддржуваме евроатлантските интеграции во целиот регион, напиша Бајден на својот „Твитер“ налог.

Бајден е еден од кандидатите за американски претседател од Демократската партија.

Тој неодамна изјави дека доколку Доналд Трамп биде реизбран на изборите следната година, НАТО ќе престане да постои.

-Доколку тој (Трамп) повторно биде избран, ви ветувам дека нема да има НАТО… Ќе имаме вистински проблеми, рече Бајден за време на дебатата меѓу демократските кандидати за иден американски претседател.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол