(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се за обнова на режимот и насилството, случајот во Штип го потврдува тоа

Од:

Последниот инцидент во Штип каде е запален автобомилот на членови на СДСМ е доказ за тоа за каква обнова се залагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Ете што значи обновата на режимот, обнова на поделбите и насилство врз неистомислениците.

Обнова на физички напади и апсења на новинари и брутални упади и затворања медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се единствените кои се против НАТО, против ЕУ, против реформите и интересите на државата.

Тоа е потврдено и со последните изјави на европски лидери кои ВМРО-ДПМНЕ го посочуваат како анти-ЕУ опозиција.

Дури и ЕПП групата на народни партии денеска потврди дека одлуката на Франција да не дозволи почеток на преговорите е „сратешка грешка“ што е во директна спротивност на ставовите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се единствените кои не сакаат интеграција во ЕУ и НАТО тие сакаат да се врати криминалниот режим, мракот и изолацијата.

Но тој филм Мицкоски нема да го гледа.

Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и погубните политики на бегалецот од Будимшпешта. Граѓаните, повторно ќе ги поразат деструктивните, антинародни и антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

На 12 април, граѓаните масовно ќе одлучат да продолжиме на прав пат, на патот на развојот, демократијата, напредокот и интеграцијата во НАТО и ЕУ.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Признанието на Јаневска дека учебници ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно, да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот