А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја ставиме Македонија на брза патека за влез во Европската Унија

by А1он24/10/2019 - 09:39156
Share0

„СДСМ и Зоран Заев донесоа неправдa, прогон, лаги и измами, сиромаштија и иселување на македонскиот народ од оваа сурова реалност. Државата ја однесоа во ќорсокак, без надеж за подобра иднина. Посветени се само на крадење, рекет и политички реваншизам.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДСМ го урна политичкиот, правниот и економскиот систем на Македонија. Приведуваат и испрашуваат новинари кои говорат за криминалите на СДСМ и Зоран Заев. Рекетираат преку СЈО, Рускоска обвинува, Кацарска суди, а Јовевски ги штити. Нивните фамилијарни приватни бизниси растат и се развиваат, но не растат инвестициите, а нови работни места нема. Во оваа држава нема повеќе ниту мир, ниту правда.

Пропаста на Македонија под палката на Заев и СДСМ ја видоа и во Европа. Недобивањето на датум е крајот на кривиот пат на Заев. Европските интеграции не мрднаа од мртва точка овие три години и покрај тоа што Заев ги продаде националните интереси. Никој од политичките субјекти во европските земји не постигнал успех со тоа што го жртвувал својот народ и својата земја. Никој од нив не коленичи за привилегии и фотелји. Никој од нив не опустошил градови и села и не го ограбил сопствениот народ како што тоа го направија СДСМ и Зоран Заев.

Ниту СДСМ води на анкети, ниту Заев ќе победи на предвремените парламентарни избори. Веќе е доцна. Народот ја виде вистината. СДСМ се свесни дека ги очекува пораз до невидени размери досега.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зоран Заев ќе го добие ударот директно од народот и ќе заврши со неговата тоталитаристичка политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ знае, умее, и може повторно да ја обнови Македонија и да ја стави на брза патека за влез во Европската Унија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео