„Трета страна на стварноста“ – изложба во Музејот на современа уметност

Од:

Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе отвори изложба „Трета страна на стварноста“ со дела од неговата колекција, која е курирана од Ивана Васева.

Централно место ќе има инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба. Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Во склоп на изложбата, утревечер од 19 чаасот тој ќе одржи предавање во МСУ.

– Поставката отвора повеќе дилеми. Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција, соопшти МСУ за изложбата, со која се одбележуваат и 55 години од неговото формирање како музеј на солидарноста.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска