Марин Рајков привремен премиер на Бугарија

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев го именуваше денеска дипломатот Марин Рајков за претседател на привремената влада.

– Премиерот треба да биде добар дипломат. Мора да биде разумен, способен и треба да ги брани интересите на Бугарија во Брисел, изјави Плевнелиев пред новинари објавувајќи го составот на привремената влада која ќе работи до одржување предвремени избори на 12 мај.

Тој го именуваше гувернерот на Централната банка Калин Христов за министер за финансии во привремената влада. Плевнелиев претходно најави дека привремената влада ќе биде фокусирана на подобрување на економските услови.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени