СДСМ: Обнова на режимот е кодот на Мицкоски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која не само што продава лажен патриотизам ,таа гласно навиваше против интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, против напредокот и против реформите. Деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ е најцрната деценија на нашата држава, велат од СДСМ во писмена реакција на изјавата на Христијан Мицкоски.

„Стагнација, изолација, затвореност, неизвесност, скарани со сите соседи, тоа ја одбележа деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Поделба на граѓаните и поделба на медиумите, без право на глас, без независно новинарство.

Кодот на ВМРО-ДПМНЕ за кој зборува Мицковски е код на обнова на режимот.

Лажната загриженост за државата и граѓаните веќе не им проаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Имаа време од една деценија нешто да направат. Но, за државата и за граѓаните не направија ништо.

Единствено за што се грижат е како да се обнови режимот со кој ќе продолжат по патот на заштита на криминалот и криминалците.

ВМРО-ДПМНЕ се партијата без визија, без конкретна програма и цел, и затоа ги очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори.

На 12-ти април граѓаните ќе гласаат за напредок, за развој, за интеграција, ќе потврдат дека државата е на прав пат!“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он