Менде Диневски не е информиран дека во Битола со години постои „Бизнис стартап центар“ во рамките на кој од 2007 година наваму се реализираат различни проекти за поттикнување и финансиска поддршка на иницијативитеза бизнис и претприемништвото воопшто, Реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неинформираноста на кандидатот на СДСМ, велат, е навреда за заложбите на општината и градоначалникот Владимир Талески кој за потребите на проектот, уште пред 6 години ја отстапи зградата на урбаната заедница Вељко Влаховиќ во центарот на Битола.
Неупатеноста на Диневски, не само што е навреда и за над 200 претприемачи кои до сега започнале сопствен бизнис, туку претставува негирање на заложбите на странските донатори и партнери како што се Американската агенција УСАИД или холандската СПАРК кои во прокетите на „Бизнис стартап центарот“ во Битола вложиле околу 3 милиони евра.
Дотолку повеќе, што Битола, во конкуренција од 22 града, уште во 2008 година е добитник на престижната меѓународна награда на Меѓународната финансиска корпорација (АјЕфСИ) за Југоисточна Европа „Дуинг бизнис“.