Џафери се сретна со делегација на турската армија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини денеска се сретнаа со делегацијата на турските вооружени сили, предводена од бригадниот генерал Неџдет Туна.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, Сејдини посочил дека соработката меѓу двете земји е на високо ниво. Тој истакнал дека за АРМ од големо значење е поддршката, обуките и едукацијата во турските образовни центри.

Генералот Туна истакнал дека Република Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија за достигнување на стратегиската цел – членство во НАТО алијансата. Тој го поздравил и придонесот на Република Македонија во меѓународните мировни мисии.

Турската делегација е во посета на Македонија по повод одбележувањето на 114 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, 13 март.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он