СДСМ: Колку се збогати Мицкоски со помош на одлуките на Владата на Никола Груевски?

Од:

Бидејќи доби 33 илјади метри квадратни државно земјиште од Владата на Никола Груевски, за бизнисот со хидроцентрали, конзорциумот во којшто учествуваше, Христијан Хидро Мицкоски треба да каже колку пари заработи низ годините и сите да ги врати назад кај граѓаните, реагираат од СДСМ, на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто не излезе Мицкоски и да каже колку пари заработи? Колку се збогати за овие години со помош на одлуките на Владата на Никола Груевски?

Граѓаните знаат дека Мицкоски му беше советник за енергетика токму на Груевски, за што и ДКСК има отворено предмет за неговите хидроцентрали.

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за наместени тендери, заткулисни игри и криминали нема никаков кредибилитет да зборува за приватни бизниси после 11 години правење бизнис од државата.

Претседателот Заев нема удел во ниту една компанија, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се провидни.

Ниту една споредба со работата на приватни компании сопственост на членови на семејството на претседателот Заев не држат воопшто.

Фирмите работат законски и дополнително немаат добиено ниту денар буџетски средства, не учествуваат на ниту еден тендер и не добиваат пари од државата.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски